Сигурна лабораториска дијагностика на која можете да ѝ верувате!

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
ПЗУ СИНЕВО Македонија

Поради понатамошен развој и унапредување на процесите за управување со човечки ресурси, ПЗУ СИНЕВО Скопје бара одговорен, организиран и проактивен професионалец за позицијата Специјалист за управување со човечки ресурси.

Работно место
Специјалист за управување со човечки ресурси
Место на работа
Скопје, со активности по потреба на сите локации на ПЗУ СИНЕВО на територијата на Република Северна Македонија
Работен однос
Полно работно време
Дневно работно време
08:00 – 16:00 часот
Неделно работно време
40 часа неделно
Распоред на работното време
Понеделник – петок
Минималната основна нето плата изнесува 50.000 денари месечно, а конечниот износ ќе биде утврден во договор со избраниот кандидат, во зависност од неговото релевантно работно искуство, стручните квалификации и компетенции.

Главни работни задачи и одговорности

  • Организирање и спроведување на постапките за прибирање и избор на кандидати за вработување.
  • Подготовка и објавување огласи, разгледување пријави, почетен избор на кандидати и организација на интервјуа.
  • Координација на документацијата и активностите потребни пред вработување и при воведување на нововработените во работата.
  • Водење и редовно ажурирање на кадровската документација и евиденциите за вработените.
  • Координација на договори за вработување, анекси, решенија, потврди и други документи од работен однос во рамките на дадените овластувања.
  • Следење на кадровски промени, годишни одмори, отсуства, промени на работни места и престаноци на работен однос.
  • Координација и следење на задолжителните, стручните и развојните обуки на вработените.
  • Поддршка на процесот на поставување цели и оценување на работната успешност.
  • Собирање, проверка и навремено доставување на кадровските податоци потребни за пресметка на плати.
  • Подготовка на редовни извештаи и анализи за бројот и структурата на вработените, движењето на кадарот, отсуствата, вработувањата, обуките и други показатели.
  • Подготовка, проверка и доставување на потребните податоци и извештаи до надлежните функции на Medicover.
  • Давање стручна и административна поддршка на вработените и раководителите за прашања од областа на човечките ресурси.
  • Поддршка на активности за подобрување на ангажираноста, задоволството и задржувањето на вработените.
  • Следење на примената на законските прописи, интерните акти, политиките и процедурите од областа на човечките ресурси.
  • Обезбедување доверливост и соодветна заштита на личните податоци на кандидатите и вработените.

Потребни квалификации и услови

  • Завршено високо образование.
  • Најмалку 3 години релевантно работно искуство во областа на човечките ресурси.
  • Искуство во избор на кадар, кадровска администрација, воведување на нововработени, обуки и известување се смета за предност.
  • Добро познавање на прописите од областа на работните односи.
  • Добро работно познавање на англиски јазик.
  • Напредно користење на Microsoft Office, особено Excel.
  • Способност за работа со информациски системи и електронски системи за учење.
  • Искуство во меѓународна компанија и/или здравствена дејност се смета за предност.

Лични и професионални компетенции

  • Високо ниво на доверливост, интегритет и професионалност.
  • Одлични комуникациски способности и активно слушање.
  • Организираност, точност и внимание на детали.
  • Проактивност и иницијативност.
  • Аналитичко размислување и способност за работа со податоци.
  • Способност за поставување приоритети и следење на повеќе паралелни задачи.
  • Способност за соработка со вработени и раководители на различни нивоа.
  • Ориентација кон решавање проблеми и континуирано подобрување.

Што нудиме

  • Стабилна и одговорна позиција во меѓународна здравствена групација.
  • Можност за активно учество во развојот и унапредувањето на процесите за човечки ресурси во СИНЕВО Македонија.
  • Професионална работна средина и соработка со локални и меѓународни тимови.
  • Можности за професионален развој и обуки.
  • Службени средства за работа согласно интерните правила на компанијата.

Начин и рок за пријавување

Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија на македонски и/или англиски јазик на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со назнака „Оглас – Специјалист за управување со човечки ресурси“.

Рокот за пријавување истекува на 13.09.2026 год.

Изборот ќе се изврши во рок од 45 до 120 дена во зависност од бројот на пријавени кандидати за работното место, сметано од истекот на рокот за пријавување. Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Податоци за работодавачот

Работодавач ПЗУ Дијагностичка лабораторија со биохемиска лабораторија, микробиолошка лабораторија и молекуларна дијностика СИНЕВО Скопје
Седиште ул. Огњен Прица бр. 1, лок. 3, 4 и 5, 1000 Скопје
Телефон +389 2 3107 107
Адреса за доставување на апликациите Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.