Нашиот тим
Зад Синево стои тим од врвни професионалци кои секојдневно се грижат за довербата на нашите пациенти. Повеќе од 50 стручни лица, лекари, биохемичари, биолози и лаборанти работат со најсовремена технологија за да обезбедат сигурни, прецизни и навремени резултати.
Нашите вработени ги поседуваат сите потребни лиценци и сертификати, а континуираното учење е составен дел од нашата култура. Со редовни обуки, тренинзи и поддршка за професионален развој, им овозможуваме да растат заедно со компанијата и да го вложуваат најдоброто од себе во својата работа.
Веруваме дека силен тим значи силна компанија. Затоа, за нас најважна е соработката, меѓусебната доверба и посветеноста кон пациентите. Секогаш сме фокусирани на квалитетот, сигурноста и создавањето искрена врска со секој клиент.
Во Синево, она што го зборуваме - го исполнуваме. Она што го правиме - го правиме со страст, одговорност и посветеност на здравјето.
М-р Д-р Маја Тодоровска
- Управител/ Генерал Менаџер
- Раководител на биохемиска лабораторија Синево Скопје – Кисела Вода
- Вработена во Синево од 2001 год.
М-р Д-р Ана Момировска
- CMO & Менаџер за квалитет
- Раководител на биохемиска лабораторија 2 Синево Скопје – Карпош
- Вработена во Синево од 2001 год.
М-р Д-р Даница Цветковиќ
- Раководител на микробиолошка лабораторија Синево Скопје – Аеродром
- Вработена во Синево од 2007 год.
М-р Д-р Анета Ѓорѓиева
- Раководител на биохемиска лабораторија Синево - Битола
- Вработена во Синево од 2008 год.
Д-р Александра Георгиевска
- Раководител на биохемиска лабораторија Синево Тетово
- вработена во Синево од 2020
Д-р Ваја Бранковиќ Андреевска
- Раководител на микробиолошка лабораторија 2 Синево Скопје – Центар
- Вработена во Синево од 2009 год.







