Подготовка на пациентот
Во зависност од видот на лабораториски анализи, корисно е да се запознаете и да бидете подготвени за правилниот начин на земање на примерок. Ве молиме да ги разгледате понудените упатства за да добиете точни информации.
За да се обезбедат точни и веродостојни лабораториски резултати, потребно е пациентот да се придржува до следните препораки:
Целта на овој тест е откривање на микроскопски трагови од крв во изметот, кои не се видливи со голо око.
Одредување на серумското железо не се препорачува за време на акутна инфекција, бидејќи резултатите може да не ја одразуваат реалната состојба.
Собирањето на 24-часовна урина започнува наутро. Првата утринска урина не се собира, туку се исфрла. Процесот на собирање започнува со втората порција урина.

