D-Dimer анализата е важен лабораториски тест кој се користи за проценка на ризик од згрутчување на крвта (тромбоза). Често се препорачува кај пациенти со ненадејни симптоми, но и како дел од следење на одредени состојби.
Синево превенција
Чувствувате надуеност, болки во стомакот, замор или дигестивни проблеми по консумирање леб, тестенини или пецива? Можно е вашиот организам да има интолеранција на глутен.
VERAgene е неинвазивен пренатален тест (NIPT) од новата генерација кој овозможува сеопфатен скрининг преку еден тест – за анеуплоидии, микроделции и моногенетски заболувања, уште од 10-тата недела од бременоста.
Тестот се изведува со:
- примерок од крв од бремената жена
- брис од усна шуплина од биолошкиот татко
Зошто VERAgene?
- најпрецизен скрининг метод за хромозомски нарушувања
- детектира состојби кои често не се откриваат со ултразвук или биохемиски тестови
- значително го намалува потребното упатување на инвазивни дијагностички постапки
Погоден e за:
- жени од сите возрасти
- единечна и близначка бременост
- ИВФ бремености
Што опфаќа тестот?
- Автозомални анеуплоидии (Даунов, Едвардсов и Патау синдром)
- Анеуплоидии на половите хромозоми
- Одбрани микроделции
- Скрининг за 100 моногенетски заболувања (хематолошки, срцеви, бубрежни, метаболни и други)
Клучни предности
- Безбеден – неинвазивен, без ризик за мајката и фетусот
- Прецизен – >99% стапка на откривање
- Брз – резултати за 4–7 работни дена
- Информативен извештај – испратен до вашиот лекар
VERAgene овозможува рано препознавање на генетски ризици и подобро клиничко управување со бременоста, уште од првиот триместар.
Витамин Б12, познат и како кобаламин, е есенцијален витамин кој игра важна улога во многу процеси во организмот. Овој водорастворлив витамин е неопходен за правилна функција на нервниот систем, формирање на црвени крвни клетки и синтеза на ДНК.
Зошто е Важен?
Формирање на Црвени Крвни Клетки
Витаминот Б12 помага во производството на црвени крвни клетки, кои се одговорни за транспорт на кислород низ телото.
Функција на Нервниот Систем
Овој витамин е неопходен за одржување на здрав нервен систем, помагајќи во заштита на нервните клетки и подобрување на нервната сигнализација.
Метаболизам на ДНК
Витаминот Б12 игра клучна улога во синтеза и метаболизам на ДНК, која е основата на сите генетски информации во телото.

Симптоми на Недостаток
Недостаток на витамин Б12 може да предизвика сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи анемија, нервни оштетувања и когнитивни пореметувања. Симптомите на недостаток вклучуваат:
- Умор и слабост
- Брзо чукање на срцето и краток здив
- Бледа кожа
- Мравки или губење на чувството во рацете и нозете
- Проблеми со балансот
- Мемориски проблеми и промени во расположението
Извори на Витамин Б12
Витаминот Б12 природно се наоѓа во животинските продукти, како што се месо, риба, јајца и млечни производи. За оние кои следат вегетаријанска или веганска диета, препорачливо е да се консумираат збогатени храни или додатоци на витамин Б12.
Лабораториски Тестови за Витамин Б12
Во нашата лабораторија нудиме прецизни и брзи тестови за проверка на нивото на витамин Б12 во крвта. Редовната контрола е особено важна за лицата со ризик од недостаток, вклучувајќи постари лица, вегетаријанци, вегани и луѓе со одредени медицински состојби.
За повеќе информации или за да закажете тестирање, ве молиме контактирајте не на нашиот телефонски број 02 3107 107.
Витаминот Д или витаминот на сонцето е неопходен за силен имунитет, здрави коски и општа виталност и игра клучна улога во вашето целокупно здравје. Тој е одговорен за апсорпцијата на калциум и фосфор, поддржува силни коски, го зајакнува имунолошкиот систем и помага во превенција на многу заболувања.
Фолната киселина, позната и како витамин B9, е есенцијален витамин кој има клучна улога во создавањето на нови клетки, синтезата на ДНК и нормалното функционирање на крвотворниот систем.
Зошто е важна фолната киселина?
Фолната киселина учествува во создавање на црвени крвни зрнца, неопходна е за нормален раст и развој на клетките и има значајна улога во бременоста, особено во развојот на нервната цевка кај фетусот. Исто така, помага во намалување на замор и исцрпеност и придонесува за нормална психолошка функција.
Кој има потреба од проверка?
Проверката на фолна киселина се препорачува кај жени кои планираат бременост или се веќе бремени, лица со анемија или слабокрвност, постари лица, лица со неурамнотежена исхрана, како и кај лица кои користат одредени лекови кои можат да влијаат на метаболизмот на фолната киселина.
Природни извори на витамин B9
Фолната киселина природно се наоѓа во зелен лиснат зеленчук како спанаќ и зелена салата, во брокула и аспарагус, во мешунки како леќа, грав и наут, во авокадо, јаткасти плодови, семиња и интегрални житарки.
Лабораториска проверка на фолна киселина
Со едноставна анализа на крвта може да се утврди нивото на фолна киселина и навремено да се спречат состојби поврзани со нејзин недостаток. Раната детекција е важен чекор кон подобро здравје.
Интолеранцијата на лактоза е состојба во која организмот има намалена способност или целосна неможност да го вари млечниот шеќер, познат како лактоза. Оваа состојба настанува поради недостаток на ензимот лактаза, кој е одговорен за разградување на лактозата во дигестивниот тракт. Без доволно лактаза, неразградената лактоза доспева во дебелото црево, каде што може да предизвика различни проблеми.
Симптоми на лактозна интолеранција
Кога организмот не може да ја разгради лактозата, може да се појават различни симптоми во рок од 30 минути до 2 часа по конзумирање млечни производи. Овие симптоми варираат од благи до тешки и можат значајно да влијаат врз квалитетот на животот. Најчестите симптоми вклучуваат:
- Болки во стомакот
- Грчеви
- Надуеност
- Мачнини
- Течна столица
Преваленција и генетска предиспозиција
Зачестеноста на генетската предиспозиција за интолеранција на лактоза на овие простори е значајна и изнесува до 50%. Ова значи дека многу луѓе може да ја имаат оваа состојба, без да бидат свесни за тоа.
Што да направите ако имате симптоми
Ако искусувате некои од гореспоменатите симптоми по конзумирање на млеко или млечни производи, препорачливо е да направите тест за интолеранција на лактоза. Овој тест може да потврди дали навистина имате интолеранција и ќе ви помогне успешно да се справите со овие симптоми.
Повелете во нашите лаборатории за професионално и сигурно тестирање. Ве очекуваме
Дали ви се случува често да чувствувате надуеност, замор, главоболка или дигестивна непријатност без јасна причина? Овие симптоми често се припишуваат на стрес или брз начин на живот, но кај голем број луѓе вистинската причина е интолеранција на храна.
Што претставува интолеранцијата на храна?
Интолеранцијата на храна е состојба при која организмот има отежната или несоодветна реакција на одредени намирници, без да се работи за класична алергија. За разлика од алергијата на храна (која е посредувана од IgE антитела и може да предизвика акутни реакции), интолеранцијата најчесто е одложена реакција, поврзана со имунолошкиот одговор преку IgG антитела.
Како се манифестира?
Симптомите може да се појават неколку часа, па дури и денови по консумација на одредена храна, што ја прави состојбата тешко препознатлива. Најчести симптоми се:
- надуеност и гасови
- болки во стомакот
- дијареа или запек
- хроничен замор
- главоболка или мигрена
- кожни промени (акни, осип)
- чувство на тежина по оброк
Зошто е важно да се открие навреме?
Долготрајната изложеност на храна која организмот не ја толерира може да доведе до хронично воспаление, нарушен имунолошки баланс и општо намален квалитет на живот. Навременото откривање овозможува персонализиран пристап кон исхраната и значително подобрување на здравствената состојба.
Како се дијагностицира интолеранцијата на храна?
Најсигурен и најпрецизен начин е преку лабораториско тестирање, кое ја анализира реакцијата на имунолошкиот систем кон различни намирници. Тестирањето дава јасна слика кои типови храна предизвикуваат сензитивност, со што се олеснува креирање на соодветен елиминациски или прилагоден режим на исхрана.
Нашето решение
За да одговори на потребата од дијагностицирање на оваа состојба, нашата лабораторија воведе тест за интолеранција на храна кој од мала количина на крв, утврдува интолеранција на 176 различни хранливи состојки со откривање на покачени титри на имуноглобулин Г (IgG) во крвниот серум или сензитивност на одредени видови храна.
Со овој тест правите важен чекор кон подобро разбирање на сопствениот организам и поздрав, побалансиран живот.
VERACITY е напреден неинвазивен пренатален тест (NIPT) кој со висока прецизност открива чести фетални генетски нарушувања уште од 10-та недела од бременоста, преку едноставен примерок од крв од бремената жена.
Погоден за:
- единечна и близначка бременост
- ИВФ бремености
- жени од сите возрасти
VERACITY е препорачуван поради својата прецизност, сигурност и безбедност, без ризик за бремената жена и фетусот.
Што е NIPT?
NIPT е најпрецизниот скрининг метод за откривање на вообичаени фетални хромозомски нарушувања. Тој овозможува рана проценка на ризик и значително го намалува бројот на непотребни инвазивни дијагностички тестови, како амниоцентеза.
Зошто да го изберете VERACITY?
- најпрецизен скрининг за фетални анеуплоидии
- рано тестирање (од 10-та недела)
- безбеден и неинвазивен
- детектира состојби кои често не се откриваат со ултразвук или биохемиски тестови
Што опфаќа VERACITY?
- Автозомални анеуплоидии
- Даунов синдром (Трисомија 21)
- Едвардсов синдром (Трисомија 18)
- Патау синдром (Трисомија 13)
Анеуплоидии на половите хромозоми (SCAs)
- Тарнеров синдром (X)
- Троен X синдром (XXX)
- Клајнфелтеров синдром (XXY)
- Џејкобсов синдром (XYY)
- XXYY синдром
Микроделции
- ДиЏорџов синдром (22q11.2)
- Делеција 1p36
- Смит-Магенис синдром
- Волф-Хиршхорнов синдром
- Прадeр–Вили и Ангелман синдром, 15q11.2–q13
- Cri-du-chat синдром (5p−)
Раното откривање овозможува подобра пренатална грижа и навремено носење информирани одлуки

