Сигурна лабораториска дијагностика на која можете да ѝ верувате!

Нашата приказна започна во 2001 година со основањето на Адриалаб, една од првите приватни биохемиски и првата приватна микробиолошка лабораторија во Македонија. Како пионери во оваа област, уште од самиот почеток нашата цел беше да обезбедиме подостапни и квалитетни лабораториски услуги за пациентите и за здравствените работници.

Во 2007 година, лабораторијата стана дел од Синлаб Интернационал ГмбХ, најголемата европска групација за лабораториски услуги. Со ова, донесовме меѓународни стандарди, најсовремена технологија и поширока достапност за граѓаните преку мрежа од лаборатории во Скопје, Битола и во Тетово, како и мобилни екипи што ја покриваат целата земја.

Во 2013 година нашата лабораторија стана прва акредитирана медицинска дијагностичка лабораторија во Македонија, акредитирана од Институтот за акредитација на РМ, согласно стандардот ISO 15189:2013. Дополнително, сертифицирани сме преку надворешни контроли на квалитет од INSTAND e.V. (Германија) и BIO-RAD (САД) - гаранција за сигурност и доверливост на резултатите.

Денес, под новото име Синево, станавме дел од Medicover, меѓународна здравствена и дијагностичка групација со седиште во Шведска, која обезбедува здравствени и лабораториски услуги во повеќе од 20 земји. Во рамките на оваа глобална мрежа, Синево нуди врвна дијагностика со над 3.000 видови тестови, од рутински до специјализирани, со фокус на превенција, рана дијагностика и следење терапии.
Со повеќе од две децении искуство, акредитации, најнова технологија и експертиза на една од водечките светски групации, Синево Македонија е сигурен партнер во грижата за здравјето на секој пациент.

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.