Мисија, визија и вредности
Нашата мисија
Обезбедуваме сигурна и прецизна лабораториска дијагностика која е основа за здрав живот и навремено донесување одлуки кога станува збор за здравјето. Нашата цел е да им понудиме на пациентите и лекарите доверливи информации и услуги со највисок квалитет, користејќи современа технологија и меѓународно признати стандарди. Како дел од Medicover и глобалната мрежа на Synevo, ги поттикнуваме иновациите во медицинската дијагностика и го поддржуваме јавното здравје.
Нашата визија
Да бидеме прв избор за пациентите и медицинската заедница преку извонредност, сигурност и додадена вредност во лабораториската дијагностика. Се стремиме кон постојано унапредување на услугите, проширување на нашата мрежа и поставување нови стандарди кои ги надминуваат очекувањата на клиентите.
Нашите вредности
Доверба и почит - Негуваме искрен и транспарентен однос со пациентите, партнерите и колегите.
Посветеност на квалитет - Секојдневно обезбедуваме прецизност и сигурност во резултатите.
Иновација - Го следиме напредокот во медицината и воведуваме современи дијагностички решенија.
Одговорност кон луѓето и заедницата - Ги почитуваме етичките стандарди и вложуваме во благосостојбата на пациентите, вработените и поширокото општество.
Фокус на пациентот - Во срцето на нашата работа е грижата за пациентот и неговата здравствена состојба.

