Сигурна лабораториска дијагностика на која можете да ѝ верувате!

Собирањето на 24-часовна урина започнува наутро. Првата утринска урина не се собира, туку се исфрла. Процесот на собирање започнува со втората порција урина.

Во текот на следните 24 часа, секоја наредна порција урина, и во текот на денот и во текот на ноќта, се собира во еден поголем сад.

Собирањето завршува со првата утринска урина од наредниот ден, која задолжително се додава во садот за собирање.

Урината треба да се собира во чист и доволно голем сад (околу 2 литри). За време на целиот процес, садот со урината треба да се чува на ладно место.

По завршување на собирањето, примерокот е потребно истиот ден да се донесе во лабораторија.

Многу е важно во лабораторијата да се донесе целото количество собрана урина, бидејќи само така анализата може да биде точна и валидна.

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.