Сигурна лабораториска дијагностика на која можете да ѝ верувате!

За да се обезбедат точни и веродостојни лабораториски резултати, потребно е пациентот да се придржува до следните препораки:

Пациентот треба да биде гладен минимум 12 часа пред вадење крв.
За одредени анализи може да постојат исклучоци, во консултација со лабораторијата.

При одредување на масти, потребно е гладување од минимум 16 часа.
Во овој период е дозволено само пиење вода.

Еден ден пред вадење крв се препорачува лесна и немасна исхрана.
Избегнувајте:

  • млеко и млечни производи,
  • пржена храна,
  • јајца,
  • масно месо,
  • бел леб,
  • масла и
  • колачи.

Сите додатоци во исхраната и лекови кои не се терапија по препорака на лекар,
треба да се прекинат 48 часа пред вадење крв.
Редовната терапија не се прекинува, освен ако лекарот не препорача поинаку.

Минимум 48 часа пред анализите да се избегнува:

  • интензивна физичка активност
  • консумација на алкохол

Утрото пред анализите не е дозволена консумација на храна, пијалоци, кафе или цигари.
Дозволено е само пиење вода.

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.