Упатство за подготовка пред тест за окултно крвавење во измет (фецес)
Целта на овој тест е откривање на микроскопски трагови од крв во изметот, кои не се видливи со голо око.
Седум (7) дена пред и за време на тестирањето се препорачува да се избегнува земање на лекови, освен оние кои се неопходни и редовно препишани од лекар.
Три (3) дена пред земање на примероците, пациентот треба да се придржува кон посебен режим на исхрана.
Дозволено е:
- добро варено месо и живина
- јогурт и млеко
- варено овошје и зеленчук
- житарици
- салати
- јаткасти плодови (кикирики, ореви, лешници, бадеми и сл.)
Забрането е:
- недоволно печено црвено месо
- паштети и колбаси
- бела репка
- диња и лубеница
- рен
- банани и домати
- витамин Ц (додатоци)
- цитрусно овошје (портокали и лимони)
Примерокот од измет се собира во стерилен контејнер, кој може да се добие во нашата лабораторија.
Примерокот треба да се достави во лабораторија во рок од 2–3 часа по земањето, или да се чува во фрижидер и да се достави најдоцна во рок од 24 часа.
Тестот се изведува на три (3) примероци од измет, земени во текот на три последователни дена.
Тестирањето треба да се одложи при:
- менструација
- дијареа
- крвавење предизвикано од хемороиди
- крвавење од уринарниот тракт
Резултатите се готови истиот ден.

